Услови за користење

ПОЛИТИКИ И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

Политики за користење на системот за електронска трговија.

Со самиот пристап на интернет страницата на ЛАЦТАЛИС МК ДООЕЛ Скопје и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.

ЛАЦТАЛИС МК ДООЕЛ Скопје ги задржуваат правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ

ЛАЦТАЛИС МК ДООЕЛ Скопје ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. ЛАЦТАЛИС МК ДООЕЛ Скопје не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.

2. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ

ЛАЦТАЛИС МК ДООЕЛ Скопје ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. ЛАЦТАЛИС МК ДООЕЛ Скопје за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за on line плаќање.

3. ПОЛИТИКА И УСЛОВИ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ/УСЛУГИТЕ

Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку нашите вработени на адресата која е наведена во порачката.

Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата.
Плаќањето на производите се врши во готовина при испорака.

Трошоци за испорака се вклучуваат при нарачката во крајната цената на производот. (за нарачка до 500 денари со ДДВ, доплатата за испорака е 100ден со ДДВ, за нарачка над 500 ден, испораката е БЕСПЛАТНА)

За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да не контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.

4. ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ПО ТРАНСАКЦИЈА СО БАНКАРСКИ ТРАНСФЕР
 
ЛАЦТАЛИС МК ДООЕЛ Скопје не врши поврат на средствата на купувачот, секоја нарачка е финална.

ЗЛОУПОТРЕБА

Сите злоупотреби на Е-нарачките ќе бидат пријавени во МВР.

Lactalis MK eSHOP © 2021. UKION SHOPS