Информации за испорака

Информации за испорака

Почитувани потрошувачи,

Испораката се прави само на реон Скопје.

Нарачката се испорачува за 24 часа од примањето на истата, односно нарачката се прима во тековниот ден, а со испорачува наредниот ден во временски период кој ќе биде договорен со нарачателот.

Испорака на нарачките се врши секој работен ден во периодот од 09:00 часот до 15:00 часот и сабота во периодот од 10:00 часот до 14:30 часот, недела и државни празници се неработни денови.

Испораката на сите производи се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот. Доколку при испораката во колективниот станбен објект нема лифт или истиот не е во функција, нарачката ќе биде доставена до влезот на станбениот објект.

Доколку службата за испорака не успее да го пронајде купувачот на наведената адреса за испорака, ќе остави писмено известување и ќе се обиде да воспостави телефонски контакт со купувачот користејќи ги податоците оставени од негова страна при правењето нарачка.

Испорака на производите се врши во период кој самиот купувач го избрал за време на достава на производите. Во избраното време за достава на производите во период од околу 60 минути ќе биде доставена испораката на наведената адреса од купувачот. Купувачот ќе биде контактиран и телефонски.

Производите се испорачуваат со добар квалитет и рок на траење и фискална сметка за извршеното плаќање.

Секој купувач е должен при испорака на производите да го провери за евентуални оштетувања при транспорт, а доколку е поголема пратка да провери дали некој производ недостасува. Купувачот треба да ја пријави рекламацијата веднаш. Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на купувачите.

Овие правила на испорака стапуваат на сила од АПРИЛ 2020 година. Промените во правилата на испорака ќе бидат јавно објавени на веб странатa www.lactalismk.mk најмалку 15 дена пред да стапат во сила.

ЦЕНА ЗА ИСПОРАКА

Цената за испорака зависи од износот на самата нарачка.
1. За износ на нарачка до 500 денари (со вклучен ДДВ) доплатата изнесува 100 денари
2. За износ на нарачка над 500 денари (со вклучен ДДВ) испораката е бесплатна односно нема надомест за достава (оваа опција треба да ја селектирате при порачката).

ЗЛОПУПОТРЕБА

Сите злоупотреби на Е-нарачките ќе бидат пријавени во МВР.

За повеќе информации или за проблеми при испораката ве молиме да не контактирате на 075/ 262-871 и 070/383-351 или на e-shop@mk.lactalis.com. Ви благодариме

Lactalis MK eSHOP © 2021. UKION SHOPS