За Нас

За Нас

Добродојдовте во е-продавницата на ЛАЦТАЛИС МК ДООЕЛ . Нашата компанија е дел од Групацијата Лакталис, со седиште во Лавал, Франција, која уште од 1933 година е посветена на производство и трговија со млеко и млечни производи.

Како водечка млечна индустија во светот Лацталис МК во Македонија во рамките на своето производно портфолио ги носи производите под брендовите Алпско, Президент , Идеал Шипка и Дукат.

ALPSKO

Синоним за квалитет, трајност, кредибилитет, грижа, традиција и здравје од 1967 година. Првото трајно Словенечко млеко, со рок од 120 дена кое од зачетоците до денес има продадено повеќе од билион литри. Во исто време, тоа е повеќе од млеко. Со селектирани додатоци, Алпско млеко има ново значење, нова моќ и енергија преточена и во ферментирани производи со полн вкус.

PRESIDENT

Ненадминливиот спој на традиција, умешност и страст кон сирењата е клуч на долгогодишниот успех на најголемиот производител на сирења. Врвниот квалитет и богатството на вкусови и арома го направија Президент омилени бренд за сирење во светот.

ИДЕАЛ ШИПКА

Секојдневната грижа за обезбедување на здрави и на свежи производи на секоја трпеза во Македонија е главната цел на Идеал Шипка, која со децении произведува висококвалитетни свежи млечни производи направени од македонско свежо млеко.

DUKAT

Квалитет, иновативност и секојдневната грижа за здравјето и урамнотежена исхрана на секој од нас и на нашите семејства се клучни вредности на Дукат, позади кои стои над 1 век традиција и најсовремена технологија за преработка на најквалитетото млеко.

Врвниот квалитет и широкиот производен асортиман, грижата за потрошувачите, иновации, посветеност на целокупниот тим на вработени се вредности кои се силно вткаени во корпоративната култура и секојдневното работење на Лацталис МК.

 

Lactalis MK eSHOP © 2021. UKION SHOPS